| четврток, 6 декември 2018 |

Надал реди порази

Рафаел Надал повторно претпре пораз, втор за кусо време по кам-бекот на тениските терени, а овојпат подобар од него беше Фелисијано Лопес во второто коло на турнирот во Шангај.

nadal

Шпанското дерби му припадна на аутсајдерот со 6-3, 7-6, а Надал прокоцка предност од 5-2 во вториот сет и загуби во тајбрејк. За еден од најдобрите тенисери на денешницата ова е втор неочекуван пораз, откако се врати на тениските терени, а претходно во Пекинг, подобар од „шпанската фурија“ беше и Мартин Клижан. Словакот дури успеа и да си поигра со големиот тениски ас и освои 16 од последните 18 поени, подвиг со кој ретко кој може да се пофали против Рафаел Надал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top