| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа човечкото тело кога се вежба јога? (видео)

joga

Уметничката група Хибридмедикал направиле анимација која покажува како изгледа човечкото тело за време на јога-вежби.

Уметниците се обиделе да го претстават човечкиот скелет колку што е можно пореалистичен, користејќи ги советите на лекарите, како и примероци од рендген-слики.

– Наместо да направиме статична фотографија, комбиниравме прекрасни јога-движења со новиот визуелен пристап за да го оживееме човечкиот слекет – велат од Хибридмедикал.

Реалистичниот пристап се забележува во правилно покажување на густината на коските и коскената срж, внатре во секоја коска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top