Софтверот ќе работи така што ќе ги следи движењата на корисниците, односно ќе ја поместува страницата или текстот тогаш кога корисникот со погледот ќе стигне до крајот на истиот.
Актуелниот паметен телефон “Galaxy S3” ја поседува “Smart Stay” технологијата која што е дел од предната камера и истата се состои од следење на корисниците и одржување на активноста на екранот, се додека корисникот гледа во него. Најверојатно, технологијата ја развила компанијата “Tobii”, која што развива најразлични софтвери за следење на движењата на очите со помош на инфрацрвени сензори.
Телефонот ќе биде достапен во две бои, црна и бела, додека секоја од нив ќе има три различни верзии, во зависност од моделот: 16, 32 и 64 гигабајти. Уредот ќе биде со димензии од 140,1 x 71,8 x 7,7 милиметри и тежина од 138 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.