| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Еболата речиси неминовно ќе се прошири во Европа

Регионалната директорка на Светската здравствена организација (СЗО), Жужана Јакаб денеска изјави дека смртоносниот вирус на ебола речиси неминовно ќе се прошири во Европа, но „стариот континент“ е добро подготвен за тоа. Само неколку часа откако е потврден првиот случај на заразата во Шпанија, таа изјави дека такви случаи се „неизбежни“.

Четири лица, вклучувајќи медицинска сестра на која и е потврдено присуството на вирусот ебола, се хоспитализирани и нивната состојба ќе биде следена, поради страв дека би можеле да ја пренесат заразата, соопштија претходно шпанските здравствени власти.

– Таквите случаи најверојатно ќе се случуваат и во иднина, рече Јакаб и истакна оти тоа е неизбежно, бидејќи многу луѓе од Европа патуваат во погодените земји и обратно.

Според неа, најголем ризик да заболат имаат здравствените работници кои се грижат за пациентите, како и нивните семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top