| четврток, 6 декември 2018 |

Коби Брајант се врати со 13 поени по десет месеци пауза

По пауза од десет месеци поради повреда, на теренот се врати еден од најдобрите кошаркари во светот и член на ЛА лејкерс, Коби Брајант.

Тој на дуелот со Денвер постигна 13 поени во победата на својата екипа со 98:85. Брајант имаше шут од игра 5 од 12 и 5 скока, а враќање на теренот имаше и Стив Неш со 11 поени и 5 асистенции.

Ова беше еден од подготвителните дуели на НБА-тимовите во пресрет на новата сезона. Покрај овој натпревар, играа уште: Вашингтон – Чикаго 85:81, Бостон – Филаделфија 98:78, Атланта – Њу Орлеанс 93:87.

Поради повредата на носот добиена минатата недела, за Атланта не настапи македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top