По пауза од десет месеци поради повреда, на теренот се врати еден од најдобрите кошаркари во светот и член на ЛА лејкерс, Коби Брајант.
Тој на дуелот со Денвер постигна 13 поени во победата на својата екипа со 98:85. Брајант имаше шут од игра 5 од 12 и 5 скока, а враќање на теренот имаше и Стив Неш со 11 поени и 5 асистенции.
Ова беше еден од подготвителните дуели на НБА-тимовите во пресрет на новата сезона. Покрај овој натпревар, играа уште: Вашингтон – Чикаго 85:81, Бостон – Филаделфија 98:78, Атланта – Њу Орлеанс 93:87.
Поради повредата на носот добиена минатата недела, за Атланта не настапи македонскиот кошаркар Перо Антиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коби Брајант: По 20 години одиграни во НБА чудно ми е што не ми недостига кошарката
-
Лос Анџелес го слави Коби, 24.08 е „Денот на Црната Мамба” (видео)
-
Ѕвездите со емотивни говори се простија од Коби, Џек Николсон размислува и тој да се пензионира (видео)
-
Коби Брајант ја заврши кариерата со стил, на последниот натпревар постигна 60 поени (видео)


