| четврток, 6 декември 2018 |

Поплава го уништи стадионот на Монпелје

stadion 1

Големите врнежи што ја зафатија јужна Франција нанесоа огромни штети на имотите и на жителите од тој регион.
Поради тоа е прогласена вонредна состојба, а невремето не го заобиколи ниту стадионот на Монпелје „Де ла Монсон“. Од клубот информираат дека поројните дождови ги уништиле подлогата, клупските простории и салата за вежбање.

stadion

По паузата за репрезентативни настапи, Монпелје треба на својот стадион да го пречека лидерот на табелата Марсеј, но како што стојат работите сега, треба или да се одложи мечот или да се игра на неутрален терен.

stadion 3

Стадионот е изграден во 1972 година и досега бил поплавуван од невреме, но никогаш не бил целосно уништен. Модерниот изглед го добил пред Светското првенство во Франција на кој се играле натпревари по групи. Капацитетот му е повеќе од 30.000 гледачи, а овде своите настапи ги има и рагби-репрезентацијата на Франција.

stadion 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top