| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Коцев и Тони Михајловски во филмот „Ќе бидеме светски прваци“ (фото)

toni mihajlovski 2

Македонските актери Сашко Коцев и Тони Михајловски снимаат сцени од филмот „Ќе бидеме светски прваци“, чијшто режисер е Србинот Дарко Баиќ. Веќе втор месец се снима филмот на локации во регионот. Прво во Србија, сега се во Словенија, па потоа следува Хрватска и на крајот една недела од снимањето ќе биде во Македонија, објави „Дневник“.

toni mihajlovski 1

Македонски копродуцент на филмот е Дејан Милошевски од „Револушн“.

sasko kocev

Актери од повеќе земји од регионот се вклучени во филмот. Од Македонија играат Сашко Kоцев и Тони Михајловски, кои периодов снимаат во Словенија. Kоцев го игра Лазар Лечиќ, а Михајловски игра измислена филмска личност, продуцент во Радио-телевизија Београд, кој е задолжен за организирање директен пренос од светското првенство во 1970 година. Деновиве и двајцата актери се во Словенија, каде што снимаат.

kocev

Во филмот играат: Џон Севиџ, Лазар Ристовски, Сергеј Трифуновиќ, Леон Лучев, Тони Михајловски, Сашко Kоцев, Горан Богдан, Милош Биковиќ…

Приказната ги следи четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион во Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top