| четврток, 6 декември 2018 |

Порака до Дешамп: Се надевам дека утре ќе умреш!

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, повторно е во немилост на поубавата половина на француските фудбалери.
Овојпат сопругата на голманот на Монпелје, Жефри Журден, Ноеми изреволтирана што нејзиниот сопруг не е повикан за настап во репрезентацијата на „триколорите“ за пријателските натпревари против Португалија и Ерменија, посакала Дешамп да умре уште утре. Тоа таа го објавила на својот профил на „Фејсбук“.

zurden

Дешамп имаше проблеми во врска со составување на списокот бидејќи еден од првите голмани е повреден, па на негово место се нашол првиот голман на Рен, Беноа Костил.
Ова е вторпат селекторот да трпи јавна навреда од сопругите или девојките на француските фудбалери. Тоа прва го направи девојката на Самир Насри кога тој беше изоставен од списокот за Светското првенство во Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top