Францускиот прволигаш Монако е заинтересиран за ангажман на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни.
Потпретседателот на францускиот тим Владимир Васиљев индиректно најави дека Монако наредното лето би можел да го доведе капитенот на Манчестер јунајтед.
– Пред една година имавме понуда на масата за еден од најдобрите англиски фудбалери. Тогаш не успеа трансферот, но верувам дека ќе биде наскоро – изјави Васиљев.
Минатата сезона се шпекулираше дека Монако сака да го ангажира Руни преку летото, но тој во февруари стави потпис на нов петгодишен договор со Јунајтед вреден 300 илјади фунти неделно.
Во меѓувреме, имаше големи промени во Монако, го продадоа Хамес Родригез во Реал Мадрид, а го позајмија Радамел Фалкао во Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.