Платата на пратениците во косовскиот Парламент е 1.500 евра плус дневници и други додатоци, така што на годишно ниво тие заработуваат 25.000 евра, објави денеска приштинскиот весник „Зери“.
Весникот наведува дека основната плата на пратеник во косовскиот Парламент, без додатоците за работа во комисиите, изнесува 1.488 евра. Просечна плата во Косово е 250 евра.
– Луксузот, во кој живеат косовските пратеници во најсиромашната европска држава, немаат ниту нивните колегите од Велика Британија, посочува „Зери“.
Во косовскиот Парламент има 120 пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации