| четврток, 6 декември 2018 |

Незадоволните граѓани на Жерновски идентични со паркобраните и со тие од тимот на Пендаровски (фото)

Андреј Жерновски на денешната прес-конференција, на која кажа дека граѓаните од општина Центар не сакаат барокни фасади, ги користи истите луѓе кои СДСМ, и самиот Жерновски, ги користат во сите досегашни протести. Имено, како незадоволен граѓанин од општина Центар се појави Владимир Вангелов. Вангелов е истиот човек то се појавуваше во протестите на здружението АМАН, беше дел од таканаречените паркобрани, беше дел од тимот на Стево Пендаровски, како и учесник во протестите за Љубе Бошковски.

Очигледно новата улога на Владимир Вангелов е да се претставува како незадоволен граѓанин од општина Центар, кој треба да се противи на новите фасади кои ги најави Град Скопје на улица „Македонија“.
unnamed (5) unnamed (4) unnamed (3) unnamed (2) unnamed (1) unnamed

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top