Инспирацијата за ваквиот потег ја нашла во песната “Исобел” на Бјорк, во која пее – Моето име е Исобел, мажена сум за самата себе!
Се запросила во ноември минатата година во Лондон, а веќе во март си прошетала до олтарот. На церемонијата, за среќа, не била сама, туку опкружена со пријателите и семејството. Имало и бакнеж на крајот – си се бакнала во огледало!
На ваков гест Грејс се решила откако шест години поминала без дечко – период во кој, како што вели, успеала да изгради совршена врска со себеси.
Грејс признала дека имала трема пред венчавката, иако никој не ја притискал.
– Сега се чувствувам посилна и веќе немам впечаток дека сум сама – рекла и открила дека на патот додека ја градела врската со себеси и се нашла и Шакри Тантра програмата која е сосредоточена на сексуалноста и врските со другите луѓе и со самите себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



