Фудбалерите на Пари Сен-Жермен беа на чекор до победата на синоќешниот натпревар со Монако, но не успеаја да се одбранат и примија гол во судиското надополнување. На „Паркот на принцовите“ во Париз домаќините поведоа во 71. минута преку Лукас.
Бод на Монако му донесе Антони Марсиал во 90+2. минута. Лидерот Олимпик Марсеј во оваа рунда беше сигурен и ја зголеми предноста на врвот на табелата пред конкурентите.
Резултати од 9.коло во Лига 1: Ремс – Бордо 1:0, Каен – Олимпик Марсеј 1:2, Бастиа – Лориен 0:2, Евиан – Мец 3:0, Ница – Монпеље 1:1, Рен – Ленс 2:0, Сент Етиен – Тулуз 0:1, Генгамп – Нант 0:1, Олимпик Лион – Лил 3:0 и ПСЖ – Монако 1:1.
Табела: Олимпик Марсеј 22 бода, Бордо 17, ПСЖ 15, Лил 15, Нант 15, …
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид