| четврток, 6 декември 2018 |

Лончар: Андреј Вучиќ е сериозно повреден

лончар

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави дека е крајно загрижувачки тоа што на братот на премиерот на Србија, Андреј Вучиќ, откако добил  серозни повреди за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, половина час не му е укажана медицинска помош, иако повредите биле сериозни.

– Тоа се сериозни повреди. Исеченици, траги од нагмечување, контузија – рекол Лончар на телевизија „Пинк“.

– Ако луѓето крвават, се превиткуваат од болка, што ако е повреден некој внатрешен орган, што ако имале внатрешно крвавење и да стојат полвина час, а на пет минути оттаму се наоѓа болница – рекол Лончар и додал дека тоа е недопустливо.

– Да бил некој друг во прашање, не знам што би се случило! Бидејќи е тоа брат на премиерот Вучиќ – ОК, тој сѐ може да издржи. Овде се исцрпени сите средства државава да тргне во еден правец и да стане правна држава – рекол Лончар.

Додал дека тоа го прават некои од тајкуните кои не можат да му наштетат на Александар Вучиќ.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top