| четврток, 6 декември 2018 |

Лош дизајнер, чудни дресови и одлични игри на Колдинг во ЛШ

Чудни дресови со очигледно лош дизајн во новата сезона од ракометната Лига на шампионите носат ракометарите на дански Колдинг. Веројатно ги имаат најлошите дресови од сите 24 екипи што играат во фазата по групи, но и тоа не им пречи да газат сигурно на стартот од новиот циклус во ЛШ.

Во првото коло Спелерберг и соиграчите го сомлеа европскиот првак Фленсбург со 35-21, а потоа го декласираа и Бешикташ во Истанбул со 33-24. Данците се моќни, имаат одличен тим, но и неверојатно лош дизајнер и дресови. Погледнете го чудниот дрес на Колдинг.

kif

 

kol

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top