| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободен Британецот кој беше киднапиран во Либија

Британецот Дејвид Болам, кој беше киднапиран од милитантите во Либија, е ослободен, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.
Портпарол на Форин офисот изјави дека Болам „по тешкиот период кој го помина сега се наоѓа на безбедно и се чувствува добро“.
Неговото киднапирање не беше официјално објавено на барање на семејството и Форин офисот. Дејвид Болам беше учител во Европското училиште во Бенгази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top