Во вториот натпревар од Лигата на шампионите РК Металург гостува во Брест против Мешков. Иако десеткувани во составот без првотимците, Станиќ, Вугринец и Атман подмалдениот состав на македонскиот шампион има негатива од два гола (12-10).
По негативата од пет голови, Лино Червар го смени Коциќ од голот и на негово место се најде Митревски со неколку фантастични одбрани во серија ги враќа надежите на металурзите за поволен резултат и продолжување добрите резултати во Лигата на шампионите од претходните години. Во нападот незапирлив е Лука Циндрич кој заедно со Ванчо Димовски и Филип Миркуловски се ударната игла во нападот.
Црвен картон заработи Манасков кој е исклучен при еден груб старт по што се замешаа играчите од двата тима, а покрај Манасков од редовите на Мешков Брест е исклучен Растко Стојковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


