
Децата од општина Центар ќе добијат нова, современа градинка. На местото на старата градинка „Кочо Рацин“, започнува да се гради нова, на 2.677 квадратни метри. Капацитетот ќе биде до 180 деца.
Градинката „Кочо Рацин“, изградена во 1964 година, беше руинирана и сите овие години не беше санирана. Ѕидовите беа од азбестни плочи, исклучително штетни за децата. Градинката ќе биде енергетски ефикасна и ќе се гради од високо квалитетен, современ материјал и со звучна заштита и заштита од пожар, велат од Општина Центар. Кујната и храната ќе бидат според ХАСАП стандардите и ќе има капацитет за 500 оброци, со што ќе се снабдуваат и 3-те клона на градинката. Новата градинка, која ја гради Гранит, ќе чини 112 милиони денари, средства од буџетот на општина Центар, а ќе биде завршена наредното лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


