Дополнителниот заменик-министер за труд и за социјални работи, Диме Спасов, денеска во кочанската населба Оризари свечено ја отвори детската градинка „Кокичиња“, клон на ЈОУ ДГ „Павлина Вељанова“ од Кочани.
Станува збор за објект во кој Министерството за труд и социјална политика заедно со општина Кочани вложи три милиони денари.
– Барањата на жителите на Оризари, поголема населба од над 4 500 жители, за отворање на ваков објект датираат од поодамна. Еве сега ја реализиравме нивната желба. Во момоментот овде се згрижени 33 деца, а капацитетот е за педесет. Верувам дека овој објект навистина ќе им помогне на сите родители што имаат деца на таа возраст и оти ќе одат на работа безгрижно, затоа што децата веќе се соодветно сместени, изјави дополнителниот заменик министер, Диме Спасов.
На отворањето на „Кокичиња“ денеска во Оризари, присуствуваше и кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски, кој рече дека најпрво селото Бели, а сега и Оризари доби детска градинка, а следното населено место во Општината што ќе добие детска градинка е Тркање.
Спасов ја обвини техничката министерка Форосина Ташевска Ременски дека ги кочи проектите за санација на постојните и отворањето на нови детски градинки.
– За жал во изминатите неколку месеци има одредено задоцнување во динамиката на веќе започнатите, меѓутоа и во планираните идни активност за отворање нови детски градинки од страна на техничката министерка. Имало или немало задоцнување во следниите месец-два, после април ќе продолжиме со конкретни активности за значително зголемување на бројот на детски градинки во сите општини во државата. Нашата цел е да им излеземе во пресрет на сите граѓани што тоа го бараат во руралните и во поголемите средини, изјави Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изгоре детска градинка во Германија, бидејќи немало вода да се изгасне огнот
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов