По добиени оперативни сознанија, утринава на полициските службеници од СВР Куманово спровеле организирана акција при што е лишено од слобода лицето Б.Д (40) од Куманово, за кого има распишано потерница за издржување казна затвор 10 години за сторено кривично дело убиство.
Имено, Б.Д. 11 години бил во бегство, односно недостапен на органите за прогон, откако на 26.03.2003 година заедно со уште две лица од Куманово го лишиле од живот лицето Ердоан Ј. (24) од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



