
Четвртиот Меѓународен фестивал на стендап-комедијата „Стендап фест“, ќе се одржи од денеска до 5 октомври во Белград.
Денеска ќе настапуваат стендап-комичарите од регионот на чело со членовите на организацијата „Стендап“ од Србија.
Гости на фестивалот ќе бидат Мартина Ипша од Словенија, македонскиот актер Сашко Коцев и Горан Фурјан од Хрватска.
Планирани се осум настапи, а водител на програмата ќе биде Срѓан Динчиќ.
Следниот ден ќе настапува ексклузивниот гост Раџиналд Хантер, еден од познатите стендап-комичари во светот, кој моментно се наоѓа на голема европска турнеја.
Третата вечер на публиката ќе ѝ биде понудена ревија на стендап-настап на комичари во клупски амбиент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


