| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Коцев ќе ги забавува Србите

Sasko-Kocev-int106-5
Четвртиот Меѓународен фестивал на стендап-комедијата „Стендап фест“, ќе се одржи од денеска до 5 октомври во Белград.

Денеска ќе настапуваат стендап-комичарите од регионот на чело со членовите на организацијата „Стендап“ од Србија.

Гости на фестивалот ќе бидат Мартина Ипша од Словенија, македонскиот актер Сашко Коцев и Горан Фурјан од Хрватска.

Планирани се осум настапи, а водител на програмата ќе биде Срѓан Динчиќ.

Следниот ден ќе настапува ексклузивниот гост Раџиналд Хантер, еден од познатите стендап-комичари во светот, кој моментно се наоѓа на голема европска турнеја.

Третата вечер на публиката ќе ѝ биде понудена ревија на стендап-настап на комичари во клупски амбиент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top