Познатиот актер и шоумен Сашко Коцев пред осум месеци стана татко на Јоана и признава дека оттогаш ништо не е исто. Тој за Деца.мк споделува како се снаоѓа во улогата на татко на малата Јоана.
Признава дека ужива во многу едноставни моменти поминати со својата ќерка. Моментите се менуваат како што таа расте.
– На пример, правење фризура, па следен хит беше да изнудиш насмевка, па следен капење кога ѝ нема крај на бебешката радост. Па потоа, смислување детски песни. E тоа е чист надреализам, некој ден ќе издадам албум или стихозбирка – објаснува Коцев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.