Според првичните прогнози, најмногу шанси да победи на овогодинешната „Евровизија“ има данската претставничка Емили де Форест, со песната „Teardrops“.
Главна конкуренција на Емили ѝ е норвешката претставничка Маргарет Бергер со нумерата „I Feel You My Love“.
На трето место е Русија со песната „What If”, која ја изведува Дина Гарипова. Претставници за „Евровизија“ сè уште немаат избрано Израел, Шведска, Романија, Холандија и Молдавија.
И Македонија сè уште нема готов производ за да се претстави пред Европа. По критиките од јавноста, песната „Империја“, која ја изведуваат Есма Реџепова и Влатко Лозановски, беше повлечена и ќе се доработува, а видеоспотот ќе претрпи големи измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.