| четврток, 6 декември 2018 |

Кој има најголеми шанси за победа на „Евровизија“?

Европските обложувалници почнаа да типуваат која ќе биде победничката песна на „Евровизија“, која се одржува во Малме. Фаворит е Данска.

v280919p0
Според првичните прогнози, најмногу шанси да победи на овогодинешната „Евровизија“ има данската претставничка Емили де Форест, со песната „Teardrops“.

Главна конкуренција на Емили ѝ е норвешката претставничка Маргарет Бергер со нумерата „I Feel You My Love“.

На трето место е Русија со песната „What If”, која ја изведува Дина Гарипова. Претставници за „Евровизија“ сè уште немаат избрано Израел, Шведска, Романија, Холандија и Молдавија.

И Македонија сè уште нема готов производ за да се претстави пред Европа. По критиките од јавноста, песната „Империја“, која ја изведуваат Есма Реџепова и Влатко Лозановски, беше повлечена и ќе се доработува, а видеоспотот ќе претрпи големи измени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top