| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Седумката ја носам поради Тони Кукоч

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров одговори на седумте прашања на порталот www.handball-profile.com и откри некои детали од неговите почетоци и растот на кариерата

lazarov-500

Дали се сеќавате на моментот кога се решивте да почнете со ракомет?

Мојот прв спорт беше кошарката. Во петто одделение во мојот град сè популарен беше ракометот, а играч-тренер на екипата беше татко ми. Решив да се обидам. И отидов на првиот тренинг и се вљубив на прв поглед во играта. Во ракометот сум од моите 10 години.

Кое е Вашето деби и Вашиот прв клуб?

Мојот матичен клуб е Овче Поле од мојот град Свети Николе. Првиот меч го одиграв кога бев седмо одделение против Вардар. Се сеќавам дека одиграв одлично. Противникот не ме сфати сериозно поради младоста и ми остави многу простор да шутирам и го искористив тоа.

Дали секогаш играше на позицијата на која играш и денес?

Почнав да играм на позиција десно крило. Така беше бидејќи бев млад и немав висина и тежина за позицијата десен бек. Како што растев тренерите ме поместија на позиција десен бек.

Кој е мечот што нема никогаш да го заборавиш?

За жал, не сум во можност да одберам бидејќи одиграв многу натпревари бидејќи имаше толку мечеви во различни периоди. Можеби ќе бидам во подобра положба да одговорам на ова прашање по завршувањето на мојата кариера.

Кој играч беше инспирација за вас?

Од моите почетоци тоа беше Тони Кукоч. Благодарение на него ја имам седумката на мојот дрес.

Дали ги следите другите спортови и дали сте фан на одреден клуб или спортист?

Јас сум фан на Барселона и на Милан. Ги обожавам Лео Меси и Новак Ѓоковиќ

Сирење или чоколада?

Водам грижа за здравјето и за исхраната. Тое е тешко прашање….Чоколада

Превземено од lazarovkiril7.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top