
До крајот на годината во Драмски театар во Скопје се планираат уште две премиери, најави директорот на театарот Роберт Вељановски.
– На 15 октомври е закажана премиерата на „Капетан Џон Пиплфокс“ во режија на Коле Ангеловски, а седум дена подоцна, на 22 октомври е монодрамата „Секс, дрога и рокенрол“ на Сашо Тасевски, а во режија на Ристе Алексовки. Со премирата на „Ждрело“ на 8 октомври, само во октомври ќе имаме три премиери. „Секс, дрога и рокенрол“ е во продукција на Драмски театар – изјави Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


