Македонската актерка Јелена Јованова би можела да заигра во новиот филм за Џемс Бонд, пишува српски Блиц.
Јелена (29) играше во филмот „Земја на крв и мед“ на Анџелина Џоли, а сега би можела да забележи уште поголем успех во кариерата бидејќи влегла во вториот круг на кастингот за филмот за агентот 007, кој засега носи наслов „Бонд“.
– Дојдоа до мене преку менаџерката за кастинг од Сараево – потврдила младата актерка и додала дека не одела на аудиција, туку е избрана врз основа на видеоснимка.
Додава дека не е сигурна дали, сепак, ќе успее да заигра со Даниел Крег бидејќи сѐ уште не добила никакав повик или потврда од Лондон.
Таа моментно живее на релација Скопје – Загреб, каде што работи на серијата „Тајни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!