| четврток, 6 декември 2018 |

Совет за безбедност на ОН: Да се криминализира учеството во странски војни

sovet za bezbednost onСоветот за безбедност на ОН, на седницата со која претседаваше американскиот претседател Барак Обама едногласно ја усвои резолуцијата со која се овластува законско спречување на заминување на странски борци во редовите на Исламската држава и други слични групи.

Со оваа резолуција се бара од земјите да го криминализираат патувањето на своите граѓани во странство за да се борат со милитантите или да регрутираат други за таа цел.

Американскиот претседател рекол дека во последните години заминале околу 15.000 странци од повеќе од 80 земји.

– Тие терористи провоцираат ширење судири и претставуваат директна закана за другите земји – рекол Обама. Тој во исто време предупредил дека резолуцијата нема да биде доволна да се поразат терористите.

Американското Министерство за финансии објави санкции против 11 индивидуалци и една хуманитарна група кои им помагаат на терористите. Истовремено Стејт департментот објави листа на нови имиња и групи кои се сметаат за терористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top