Општина Илинден утре ќе биде дел од Трката на мирот – глобална штафета со факел која го симболизира универзалниот стремеж на човештвото за повеќе мир во светот.
Трката на мирот која што се одржува веќе 27 години го претставува најдолгиот и најголемиот напор кој што е организиран на локално и глобално ниво за мир во светот, а факелот на мирот досега има посетено повеќе од 140 нации.
Во Општина Илинден факелот на мирот ќе влезе од автопатот кај клучката во н.м. Кадино, околу 15:30 часот и ке се движи кон Домот на култура „Кадино“, спортската сала „Гоце Делчев“, до Домот на култура „Илинден“, каде што факелот на мирот ќе му биде предаден на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, настан што ќе биде одбележан со пригодна свеченост.
Во трката на мирот можат да учествуваат спортисти и рекреативци, и млади и стари, сите оние што сакаат да го носат факелот неколку чекори или, неколку километри. Сите имаат шанса, носејќи го факелот да направат чекор кон светскиот мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.