| четврток, 6 декември 2018 |

Дожд од голови во Париз, ПСЖ – Барселона 3-2 (видео)

Paris Saint Germain vs FC Barcelona

Отсуството на Златан Ибрахимовиќ не се почуствува во редовите на ПСЖ во дербито од второто коло од Лигата на Шампионите. „Светците“ ја победија Барселона со 3-2 на домашен терен и избија на првото место на табелата во групата Ф.
Давид Луиз скапото летно засилување за тимот на ПСЖ го отвори резултатот со гол во 10 минута. При една мешаница во казнетиот простор на Барселона Бразилецот најдобро се снајде и успеа да го совлада голманот на каталонците кои до овој гол не им беше затресена мрежата цели 640 минути во ова натпреварување.
До израмнувачкиот гол за Барселона не се чекаше многу. Лионел Меси со својот јубилеен 500 гол за Барселона израмни на 1-1 во 12 минута.
Ново водстство за ПСЖ носи Верати во 26 минута од првото полувреме и со резултат од 2-1 се замина на паузата на натпреварот.
По само девет минути игра во вториот дел Матуиди зголеми на 3-1 и големата победа полека се наѕираше. Сепак Нејмар ја остави Барселона во игра до крајот на натпреварот по само две минути од примениот гол со надеж за уште некој погодок за нерешен резултат или целосен пресврт. Но мрежите мируваа и победата на ПСЖ е сосема заслужена бидејќи избраниците на Лорен Блан одиграа „машки“ натпревар и воопшто не се исплашија од големиот противник.

Manchester City vs AS Roma

Во Групата Е, Манчестер сити не успеа да дојде до триумф пред своите навивачи ремизирајќи (1-1) со Рома. Агуеро уште во 4. минута од пенал донесе водство за „граѓаните“, а Тоти во 23.минута израмни за конечни 1-1. Ова беше 90 настап на легендата на Рома Франческо Тоти во европските купови во неговата кариера. Тоа е за еден повеќе од Манчестер Сити во целата нивна историја во европките натпреварувања.

Поренашниот играч на Бенфика Немања Матиќ кој сега настапува за Челси се врати во Португалија со лонднскиот тим и против тимот на Спортинг Лисабон и уште повеќе го навлече гневот на неговиот поранешен лут ривал бидејќи беше стрелец на единствениот гол за сините од Лондон. Челси ја оствари првата победа во Лигата на шампионите и сигурно чекори кон следната фаза.

Резултати: ЦСКА Москва – Баерн Минхен 0-1, Апоел – Ајакс 1-1, Бате Борисов – Атлетик Билбао 1-1, Манчестер Сити – Рома 1-1, ПСЖ – Барселона 3-2, Шалке – Марибор 1-1, Шахјтор – Порто 2-2, Спортинг Лисабон – Челси 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top