Дваесет и четири пратеници на владејачката грчка партија Нова демократија побараа во Атина на прометно место да се постави статуа на Александар Велики, јави дописникот на МИА.
Пратениците бараат да се постави статуата што ја изработил скулпторот Јанис Папас во 1993 година и за овој чекор отворено се вели дека е поврзан со „националистичкото глорифицирање од страна на Скопје“.
Скулптурата на Папас ја купило грчкото Министерство за култура кога беше министерка Дора Бакојани, и и била доделена на општината на Атина.
Но, од тогаш , статуата е во магацин што ги поттикна пратениците да обвинат дека во Грција се „толерира“ небрежност и опструкција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)



