Демонстранти вчеравечер на плоштадот во центарот на Харков го урнале најголемиот споменик на Владимир Илич Ленин во Украина.
На скулптурата од Ленин најпрво ѝ биле пресечени нозете, па споменикот сам се урнал на плоштадот, додека стотици луѓе гледале. На плоштадот не биле присутни полицајци.
Активистите скандирале проукраински пароли и слогани, а новинарските агенции соопштуваат дека била видлива сценографијата на десничарската организација „Десен сектор“, а настанот бил пренесен и на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



