| четврток, 6 декември 2018 |

Урнат споменикот на Ленин во Харков (ВИДЕО)

Демонстранти вчеравечер на плоштадот во центарот на Харков го урнале најголемиот споменик на Владимир Илич Ленин во Украина.

lenin

На скулптурата од Ленин најпрво ѝ биле пресечени нозете, па споменикот сам се урнал на плоштадот, додека стотици луѓе гледале. На плоштадот не биле присутни полицајци.

Активистите скандирале проукраински пароли и слогани, а новинарските агенции соопштуваат дека била видлива сценографијата на десничарската организација „Десен сектор“, а настанот бил пренесен и на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top