Олимпик Марсеј ја оправда улогата на фаворит во последниот натпревар од 8. коло во шампионатот на Франција во дуелот со Сент-Етјен совладувајќи го со 2-1.
Домаќините уште во првото полувреме дојдоа до водство со два гола разлика со головите на Имбула и на Паје, а Брисон во почетокот на вториот дел ја врати надежта на гостите, но остана само на тоа бидејќи резултатот остана непроменет до крајот.
Олимпик повторно го врати првото место на табелата од привремениот лидер Бордо, односно има 19 бода, два повеќе од вториот, додека Сент-Етјен остана на 14 бода и го дели четвртото место со ПСЖ и со Мец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.