Веднаш по завршувањето на преносот од Парадата на гордоста, група хулигани извршиле напад на зградата во која е сместена телевизијата Б92.
Групата се судрила и со полицијата пред зградата, при што биле повредени двајца полицајци. Безбедносните камери регистрирале дел од насилниците кои по нападот се разбегале. На видеото се гледа како групата со себе носи димни бомби, факли и други пиротехнички средства, а во исто време со камења фрлаат по стаклата од влезот на зградата. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, потврдил дека полицијата работи на откривање на напаѓачите.
– Имаме снимки, секако дека работиме на тоа и ќе го завршиме тој случај како и сите други. Се знае како се постапува со такви – рекол Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.