Иако бегалците првенствено сакаат да заминат во земјите од западна Европа, во следната фаза треба да им се понуди да останат во Србија, предложи комесарот за заштита на рамноправноста Бранкица Јанковиќ, пренесе српскиот Б92. Претходно таа престојуваше во Прешево, во прифатниот центар за мигрантите.
-Односот на граѓаните е непроменет, толерантен и имаат разбирање за страдањата на луѓето. Се обидуваат да им помогнат колку што можат- посочи таа која ја пофали организираноста на институциите.
Спред неа, Србија не треба да чека на инструкции од ЕУ, а притоа посочи и на уште една можност за справување со мигрантите.
-Треба да се размисли, да се понуди опција тие луѓе да останат во деловите на Србија кои се пусти. Притоа треба да се направи селекција, детална безбедносна проценка, иако никој во оваа фаза не сака да останат во Србија, можеби тоа ќе се смени во некоја идна фаза- предложи српската комесарка за заштита на рамноправноста Бранкица Јанковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.