Шест лица се повредени денеска во Киев при судири меѓу украинската полиција и група припадници на екстремни националистички организации, кои се обиделе да го попречат одржувањето на „Парадата на гордоста“ во главниот град на Украина.
Полицијата соопшти при полициската интеревенција биле упасени 25 екстремисти.
Ова втора геј парада во Киев требаше да започне во 10:40 часот по локално време на бреговите на реката Дњепар, подалеку од центарот на украинскиот главен град. Но, уште пред почетокот на маршот во близина на тоа место се собраа група екстремни националисти со намера да го сперачат одржувањето на парадата.
Екстремистите, од кои повеќето носеле црни качилки на главите, набрзо се судрија со полициските сили кои го обезбедуваа собирот.
При инцидентот се повредени петмина полицајци и еден екстремист. Полицијата информира дека еден од повредените полицајци се здобил со потешки повреди.
По завршувањето на судирите и растерувањето на екстремистите, „Парадата на гордоста“ сепак се одржа под силно полициско обезбедување, но траеше само 10 минути.
Во исто време, како што јави ТАСС, во центарот на Киев се одржа протест на околу 3.000 лица, кои бараа оставка на Владата и зголемување на пензиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.