| четврток, 6 декември 2018 |

Охридските станоиздавачи добија поддршка од локалната самоуправа и пратениците

Со предложените измени на Законот за угостителска дејност тој само се допрецизира за да се избегнат слободните толкувања, иако и сега во него јасно се кажува дека физички лица не можат да издаваат станови, соби и апартмани на туристи во колективни стамбени згради, велат од Хотелската Асоцијација на Македонија. Според нив во изминатите 10 години локалната самоуправа направила пропуст што издавала такви одобренија.

Во последните 10 години направен е бум во закупот на празните станови од одредени лица, кои што истите после тоа прават закуп на годишно ниво, а ги рентираат како станови, апартмани или соби за одмор“, вели Дончо Танески, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија.

Доколку се донесе законот тоа катастрофално ќе се одрази врз нашата економска положба, поради што ќе мораат да го кршат, велат дел од станоиздавачите.

Ако би се вовел овој закон луѓето кои издаваат пак ќе ги издаваат становите само тоа ќе треба да го прават на нелегален начин, со тоа што ќе пријавуваат дека гостите се роднини, пријатели“, вели Јован Лазарески, издавач на стан.

Локалната самоуправа и охридските пратеници застанаа на страната на станоиздавачите.

Во секој случај ние ја подржуваме иницијативата на граѓаните, сме на нивна страна. Исто така и градоначалникот кој интензивно е во комуникација со ресорните министерства“, рече Ѓоко Апостолов, раководител на ТЛЕР-општина Охрид.

„Овој закон треба добро да се регулира, нормално да се има адекватна и реална конкуренција, но да не се газат интересите на станоиздавачите“, рече Сашо Василески, пратеник.

Во моментот во Охрид има 430 регистрирани станови каде што се издаваат 1 200 легла поради што локалната самоуправа ќе побара дообјаснување од министерството за економија со цел да се задоволат интересите на граѓаните,но и да да се изнајде начин за борба противсивата економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top