| четврток, 6 декември 2018 |

Геј-парадата во Белград закажана за денес – протести уште од вчера

Стотина луѓе од српското движење Двери, вчеравечер до касно во ноќта протестираа пеејќи црковни песни во центарот на Белград. 

Сепак, и покрај протестите, денеска ќе се одржи првата Парада на гордоста во главниот град на Србија од 2010 година кога поворката заврши со немири, пренесе АП.

Немири се очекуваат и денеска, посебно од навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан, популарните Делии и Гробари,кои се познати по својата нетрпеливост кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

Оваа година настанот ќе се одржи под засилена полициска заштита и ќе биде под мониторинг  од Европската унија, на кој Србија се надева да и се приклучи. Се очекува во градот да бидат распоредени илјадници полицајци во обид за спречување на инциденти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top