„Да знаеше барем малку историја г.Артан Груби и да имаше барем малку повеќе широчина,капацитет,човечки и културолошки,и да не беше обземен од омраза,иридентизам,површност и простотилок и желба за самодокажување колку голем Албанец е тој, и барем малку да се огледаше на ликот и делото на Неџат Аголи кој ја сакал искрено оваа наша заедничка држава,па и да прочиташе нешто за него, да знаеше како изгледал и делувал, во едни такви за него сложени околности ќе можеше да биде свесен дека личноста на споменикот пред кого се слика не е Неџат Аголи туку Методија Шаторов-Шарло!
Но сепак Груби изгледа одлично пред споменикот и нема да се мешам во негоите оценки дали е најубав или дали е во Дарданија,зашто и да е во Дарданија,наше е,нели?
Срдечен поздрав до Груби.“

Ова е реакцијата на пратеничката ВМРО ДПМНЕ Лилјана Затуроска на социјалните мрежи по повод фотографијата на пратеникот на ДУИ Артан Груби. 
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


