| четврток, 6 декември 2018 |

Аналитичарите на СДСМ против СДСМ: опозицијата оди кон пропаст

comovНиза критики кон раководството на СДСМ и делувањето на најголемата опозициска партија изразија Александар Чомовски и Сашо Ордановски при своето гостување во емисијата 24 анализа на 24 Вести. Според аналитичарите кои во јавноста важат за блиски до опозицијата стратегијата на СДСМ не може да се види јасно. Велат партијата оди кон пропаст како грчки ПАСОК. Чомовски смета дека СДСМ се забетонира во своја партиска кал која ги меша брзините и приоритетите

-Во време кога во светот се одигруваат крупни промени, од таа таканаречена државотворна партија ние се обидуваме денеска да добиеме една популистичка варијанта. Измешани се тактичките потези на опозицијата, вели Чомовски.

Тој додава дека Заев е во неповолна ситуација, се обидува да го победи Груевски со “груевизмот“.

– Нема да го победи, затоа што сите полуги на власта, Груевски одлично ги менаџира и тука не можете да заборавите дека се уште на оваа власт и стојат финансиски ресурси, кои знае во овој момент да ги употреби за нов бран на економски развој, вели Чомовски.

Аналитичарот Сашо Ордановски, кој важи за критичар на власта и близок до најголемата опозициска партија, вели дека стратегијата на СДСМ не може да се види јасно.

-Мислам дека воведувате многу финеси во стратегијата на СДСМ. Стратегијата на СДСМ не може да се види јасно. Тоа е проблем на СДСМ. Нека си дискутираат во СДСМ, нека пропадне, ПАСОК пропадна, па ќе се јави некоја друга партија која ќе превземе. Ќе се види дали СДСМ може или не може, ќе трае тоа колку ќе трае, вели Ордановски.

Ордановски додава дека ако СДСМ се совземе тогаш добро, а доколку не се совземат, ќе се јават нови структури, политички иницијативи и партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top