
Вкупно 30 лица се осудени во судскиот процес за аферата „Милка“, поради шверц на добиток од Македонија во Албанија, со што е направена штета од над два милиони евра. Еден од обвинетите доби ослободителна пресуда. Судечкиот совет, со кој претседаваше судијата Горан Бошевски, на обвинетите ветеринари, полицајци и сточари им изрече затворски казни кои се движеа од три до пет години. Судот изрече и помали затворски казни, но тоа беше направено откако судот за дел од обвинетите не најде вина за некои од кривичните дела за кои тие се товареа. Во притвор во моментов се наоѓаат 17 лица, а 14 се во бегство. Тие се албански државјани и се први на списокот осудени, но не се достапни за македонските органи. Судот за недостапните, освен затворски казни изрече и безбедносни мерки протерување на странски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија


