| четврток, 6 декември 2018 |

Со битолската претстава „За домот се работи“ се затвора МОТ

За-домот-се-работи-битолски-театар

Ве­чер­ва во 20 часот, во Универзална сала ќе се игра претставата “За домот се ра­бо­ти” на Народниот театар од Битола, со што се затвора годинешниот Млад отворен те­а­тар. Претставата е по текст на Горјан Милошевски, а во режија на Мартин Кочовски. Во претставата се преплетуваат шест приказни. Тие зборуваат за историски, библиски важни, фиктивни луѓе и за популарно ликови од телевизиските екрани. Драмата се создава од клучните историски настани во животот на Гаврило Принцип, солунските атентатори, Кемал Ататурк, Ное и неговите синови, како и од животот на другите значајни личности. На нив се надоврзуваат конфликтите на современите Македонци и тоа преку драматизација на денешницата, со употреба на постојани и измислени проблеми.

МОТ завршува со концерт на американската група “Лемоло – Сиетел”, на платото пред МКЦ во 22:30часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top