Мисао Окава, Јапонката што Гинисовата книга на рекорди официјално ја прогласи за најстара жена во светот, го прослави 115-от роденден.
– Никогаш не помислив дека ќе живеам олку долго – изјави Окава за една приватна телевизија во Јапонија, која потекнува од семејство кое тргувало со кимоно, традиционална јапонска облека. Окава е родена во градот Осака.
На прославата на својот роденден во домот за стари лица имала право да изеде едно омилено јадење, а таа го одбрала своето омилено суши од скуша. Окава е родена на 5 март 1898 година, се омажила во 1919 година и родила три дена. Две од нив сè уште се живи и имаат по 90 години, јавуваат локалните медиуми.
Окава изјави дека никогаш во животот немала здравствени проблеми, освен во 102-та година кога ја скршила ногата.
Моментно, најстар жител на планетата е еден Јапонец, кој живее во Кјото и во април ќе го прослави својот 116-ти роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.