Репрезентативките на Катар ги напуштија азиските игри откако не им беше дозоволено да ги носат марамите на глава, популарно наречени хиџаб. Тие воопшто не се појавија во салата за дуелот со Непал бидејќи шефот на делегацијата на Катар наредил да си заминат дома.
Правилата на ФИБА забрануваат носење каква било опрема на главата, па судиите немаа избор и им сугерираа на Катарките да ги симнат марамите пред дуелот со Монголија. Кошаркарките одбија и го загубија мечот со службен резултат, а потоа и не дојдоа во сала за дуелот со Непал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


