| четврток, 6 декември 2018 |

Првата реприза на операта „Атила“ вечерва во МОБ

Ivan-Tomasev_opera_Atila-480x320

Оперската претстава „Атила“ од Џузепе Верди, која својата премиера ја имаше во петокот,  вечерва, во 20 часот, на сцената на МОБ ја има првата реприза.

Со премиерата на операта „Атила“  се одбележуваат  200 години од раѓањето на Џузепе Верди. Претставата е во копродукција со Народно позориште од Белград, Србија.

„Атила“ е опера во три чина. Нејзината  светска премиера била изведена на 17 март 1846 година во театарот „Ла Фениче“ во Венеција.

Вечерва во МОБ диригент на претставата ќе биде Алесандро Дагостини од Италија, режисер е Дејан Миладиновиќ од Србија, асистент на режија е Трајко Јордановски, сценографијата е на Александар Златовиќ од Србија, костимографијата на Миланка Берберовиќ од Србија, кореографијата е на Олга Панго, концертен мајстор е Верица Ламбевска, асистент на хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, корепетитори на претставата се Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева и Андреја Наунов.

Во улогата на Атила ќе настапи Иван Томашев (бас) од Србија, како Ецио ќе настапи Ристе Велков (баритон), Одабела – Oлгица Милевска (сопран), Форесто –  Зоран Сотиров (тенор), Улдино – Дејан Стоев (тенор)  и Леоне – Славчо Димовски (баритон).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top