Според вчудоневидувачките тврдења кои неодамна ги објави ФБИ, Адолф Хитлер побегнал со подморница во Аргентина каде живеел на добро чуван ранч кон крајот на Втората светска војна и страдал од астма и чиреви.
Во документите на ФБИ се изнесени детали како аргентински бегалец тврдел дека му помогнал на Хитлер кој бил со две жени и други Германци, да слезат од подморница во Аргентина две недели по падот на Берлин во април 1945 година.
Хитлер и останатите потоа тргнале со коњи кон ридовите на јужни Анди, а било планирано групата од 50-тина луѓе да се всели кај германски семејства во блиските села.
Аргентинскиот известувач кој им ја дал оваа информација на властите во САД со надеж дека ќе добие азил, не е именуван во документите.
Но, тој дал опис за Хитлер на американски новинар од Лос Анџелес Егзаминер на 29 јули 1945 година, говорејќи дека германскиот нацист „пати од астма и чирови, дека ги избричал брковите и дека има долго растојание од носот до горната усна“.
Аргентинецот дури додал: „Ако одите во хотел во Сан Антонио, Аргентина ќе средам таму да ве дочека човек кој ќе ви покаже каде е ранчот во кој се наоѓа Хитлер. Секако, премногу добро е чуван, ќе го ризикувате животот ако одите таму„ – стои во документацијата на ФБИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
ФБИ го прислушувале адвокатот на Трамп
-
Икарди нема да биде во тимот на Аргентина на Светсткото во Русија





