Голема материјална штета предизвика силниот ветер што вчера ја зафати Гевгелија, кој дивееше во периодот од 13 до 15 часот и кој во еден момент достигна брзина 21,5 метри во секунда, односно околу 80 км на час.

Ветрот го однесе и новопоставениот лимен покрив на Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“., како и покривите на неколку куќи и други објекти. Ветрот корнел и кршел и дрвја. Паднатите дрвја го попречуваа и нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на ноќта и утрово на терен се комуналните служби, кои се обидуваат да го расчистат нередот што зад себе го остави ветерот.
Фото: Гевгелијанет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


